Стилистка го откри наједноставниот трик: Со него ќе спречите да не ви се лизгаат стапалата во сандали (ВИДЕО)
Сѐ што ви е потребно е самолеплива лента за гради...
Со зголемувањето на температурите, полека се ослободуваме од повеќе слојното облекување, а потоа, секако, стигнуваме и до обувките. Чевлите со отворен врв се потполно логичен избор во лето, меѓутоа, многу жени поради проблемот со лизгање на стапалата во нив, ги избегнуваат.
Решение, за среќа постои, а го откри една ТикТокерка која во краткото видео покажа еден мал, но и повеќе од корисен трик.
Стилистката на оваа социјална мрежа често покажува разни трикови, но и дава совети, а овој пат тоа беше лизгањето во сопствените обувки.
Со помош на овој трик, стапалата ќе ви бидат потполно стабилни, а најдобро од сѐ е тоа што воопшто не е комплициран, ниту треба да потрошите многу пари.
Сѐ што е потребно е купите лента за гради, која ќе замотате околу стапалата и на тој начин ќе спречите тие да се лизгаат.
„Бегањето на стапалата во отворени чевли може да го спречите со лента за гради. Прво мора да ја исечете и два пати да ја замотате околу стапалата“ - јасно објасни таа во видеото.
@kristinakacheeva Have you tried this hack? #shoehacks #shoehack #fashionforyou #styletips #stylehack #fashionhack #lifehack #hack #hacks #fashionhacks #stylehacks #girltips #girlhacks #clothinghacks #style #fashion #styletip As It Was - Harry Styles
Жените веднаш почнаа да коментираат, а некои од нив дури потврдија дека овој трик е навистина ефикасен.