Стискаме палци за Тамара Грујоска: Македонската претставничка на Јуниорска Евровизија имаше успешна прва проба во Ница

Стискаме палци за Тамара Грујоска: Македонската претставничка на Јуниорска Евровизија имаше успешна прва проба во Ница

Објавена во: Stars // Музика

Македонската претставничка на Јуниорскиот Евросонг, Тамара Грујеска го имаше претставувањето на црвениот тепих на отворањето на церемонијата за Јуниорскиот Евросонг 2023 во Ница.


Тамара со знамето на Македонија и облечена во црн дуксер со сукња и високи црни чизми зачекори на црвениот тепих.

Нашата претставничка ја имаше и првата проба на големата сцена. Тамара ќе настапи во недела на 26-ти ноември, шеста по ред со песната „Кажи ми, кажи ми кој“, чиј автор е Роберт Билбилов, микс и мастеринг Дарко Димитров и Роберт Билбилов, а текстот на Роберт Билбилов и Коста Петров.

Отворањето и припадна на Шпанија како минатогодишен победник, а последни ќе настапат претставниците на Холандија.



Фото: Фејсбук

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: