Стојанче Стоилов:„Кошарката ми беше прва љубов, ракомет почнав да тренирам случајно!“
Оваа недела на тинејџерските години се потсетува еден од нашите најдобри репрезентативци, столбот на РК ВАРДАР, заштитниот знак на Комитите и еден од најдобрите ракометари кај нас - Стојанче Стоилов.
Како што откри тој во едно интервју како тинејџер не бил омилен особено меѓу наставниците.
„Кога бев тинејџер бев многу немирен и токму затоа не бев омилен меѓу наставниците и учениците. Во тинејџерските години сите сакаат да бидат во центарот на вниманието па така и јас. Правев секакви глупости нормално низ смеа, само за да се покажам пред другарите“, отктива Столе.
Еден од нашите најдобри ракометари ни откри и дека oд дете наваива за Вардар, но и дека ракометот не бил неговата прва љубов.
„Во основно училиште тренирав корашарка, таа ми беше прва љубов, се` до 18 години кога случајно почнав да тренирам ракомет“, се потсето Столе.