Страотна експлозија нѐ вознемири сите: Првиот студентски ден, Фросина Ременски ќе го памети по неуспешниот атентат на Киро Глигоров
Пред 27 години на овој ден се случи неуспешниот атентат на тогашниот претседател Киро Глиговор, а поранешната министерка Фросина Ременски има уште една голема причина зошто ќе го памети овој ден.
Имено, на тој ден таа го започнала своето универзитетско образование, а искуството на кое секој 3 октомври се потсетува, сега го сподели и на својот Фејсбук профил.
„Добро утро Македонијо каде и да си.
На денешен ден 03.10.1995 година, на мојот прв студентски ден се случи неуспешен атентат на Претседателот на РМ - Киро Глигоров ...
Како денес се сеќавам на мојата пешачка маршута која почнуваше од низ Водњанска, преку Поштата (сега Рамстор), пред хотел Бристол, преку плоштад, Камени мост, Старата чаршија и комплексот на УКИМ ... Само што седнавме во клупите на првиот академски час во 09:53 минути страотна експлозија нѐ вознемири сите.
Следуваше веста за атентат на Претседателот ...
Ја преживеа голготата на политички подместувања, непрофесионализам, добрососедско душегрижништво, агентурни структури кои роварат и транзитираат до денес, политичко лицемерие... но, остана да сведочи за жилавоста со која докажа дека, западниот стратешки правец за државата оди заедно со лидерството и политичка мудрост !
МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ.
Почит и поклон ПРЕТСЕДАТЕЛЕ“ - се присети Ременски.
Инаку, Фросина Ременски дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факутелтет во Скопје, каде подоцна и магистрирала и дипломирала. Во 2012 година работела на втората докторска десертација од областа на безбедноста.
фото: Принтскрин / Фејсбук