Строго забрането: Една намирница никако не смее да се послужи на трпезата на кралицата Елизабета II

Строго забрането: Една намирница никако не смее да се послужи на трпезата на кралицата Елизабета II

Објавена во: Совети // Семејство

Кралицата Елизабета II не е обожавател на лукот! Дарен МекГради, поранешниот кралски готвач, откри дека морал да го прескокне лукот и сите јадења за кралското семејство да ги направи без таа ароматична намирница. Готвачот, кој во 90 - тите работеше во доврецот, на својот Јутјуб канал во видео изјави: „Кралицата не сака лук и не смеевме да го користиме во Бакингемската палата“. 


Тој исто така рече дека кралицата сака јадења со продукти кои се одгледани во нејзината градина, а особено они кои растат на земјата на дворецот Балморал. Освен тоа, го сака јадењето што се вика „Potted Shrimps“, традиционално британско јадење кое се прави од кафени ракчиња во путер со вкус на морско оревче. Тоа го јаде со тост.

„Кога дојдов во Бакингемската палата, се радував на тоа да ги готвам јадењата кои ги сакаше кралицата. Таму практично готвев само за една личност, додека сега во хотелот се справувам со различни јадења за различни клиенти.“ - истакна поранешниот кралски готвач.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: