Струмичанката Ангела директно во третиот круг во Ѕвездите на Гранд: Доби шест гласа од жирито и многу пофални зборови
Ангела Котуровиќ од Струмица обезбеди пласман во третиот круг во најголемото музичко шоу на Балканот „Ѕвездите на Гранд“.
Ангела овој пат пееше песни од Нина Бадриќ и Марија Шерифовиќ, а нејзината изведба најпрво ја пофали Вики Милковиќ, но и останатите членови на жирито имаа само пофални зборови за неа. Таа ги освои сите шест гласа и обезбеди пласман во следниот круг од ова музичко натпреварување.
„Силна моќ во гласот, убава боја. Вечерва ти ,,пееше’’ во вистинска смисла на зборот’’ - ѝ кажа Вики додека Босанац кажа дека Ангела е пејачки капитал кој треба да се унапредиа а во своите коментари не се штедеа ниту останатите членови од жирито.
Како изгледаше настапот на Ангела погледнете на самиот почеток од емисијата, односно после 07-та минута:
фото: Принтскрин / Јутјуб