Студија која загрижува: Младите почесто се жртви на труење со алкохол отколку на коронавирус

Студија која загрижува: Младите почесто се жртви на труење со алкохол отколку на коронавирус

11% од вкупно лечените од труење со алкохол користат и други наркотици

Труењето со алкохол почна да го погодува се повеќе малолетници во 2020 година отколку заразата Ковид-19 е заклучокот на студијата која е спроведена на познатиот италијански институт за педијатрија „Бурло Гарофоло“ во Трст, чии резултати се објавени во американскиот весник Journal of Adolescent Health.

Студијата е спроведена на пациентите од итната помош кои се лекувани во периодот по карантинот воведен поради пандемијата на коронавирусот.

Во однос на 2019 година, кога во болниците од акутно труење со алкохол биле лекувани 2% млади пациенти, растот во оваа година е значен.

Дури 11% од вкупниот број на лекувани од силно труење со алкохол, со употреба на други наркотични супстанци биле малолетници, што ги наведе истражувачите да заклучат дека за младите алкохолот е полош, отколку вирусот Ковид - 19.

Многу од лекуваните малолетници го ризикувале животот, со тоа што труењето било такво што морало има реанимации и приклучување на малолетните пациенти на апарати за вештачко дишење во одделите за интензивна нега.

„Значењето на оваа студија, помеѓу останатото, лежи во фактот дека тоа ја покажува поврзаноста помеѓу карантинот, односно социјалното исклучување и емоционалните проблеми што пандемијата, очигледно, ги предизвика кја младите. Со ова може да се објасни ова ненадејно зголемување на ризичното однесување на адолесцентите“ - вели професорот Еџидио Брави, директор на Институтот и еден од авторите на студијата.

Истражувајќи ги можните мотивации за опасната алкохолна интоксикација на малолетниците, невропсихијатарот Џузепе Абрачавенто вели дека присилното долгорочно здружување на децата и родителите за време на карантинот, често предизвикува конфликтни ситуации, бидејќи ниту децата, ниту родителите, не се навикнати да бидат затворени толку долго.

Авторите на студијата потсетуваат дека ризичното однесување е критично за младите, тоа е начин на запознавање на животот и растењето, но студијата укажува на зголемување на екстремното и ризичко однесување во проценти што треба да го загрижат општеството во целина.


Можеби ќе ве интересира: