Супер бабички: Порано се дружеле на училиште, а денес овие четири баби го делат истиот дом за стари лица
Четири пријатели кои заедно оделе на училиште се сретнале повторно по многу години разделба на најнеочекуван начин. Сите завршиле во ист дом за стари лица.
Животот се состои од комуникација. Никој не е создаден да помине низ животот сам. На сите ни е потребно пријателство со други човечки суштества. Дури и најнедружељубивиот поединец сака некој што го познава и разбира.
Еден од најважните типови на врски што некогаш ќе ги формираме во нашите животи се пријателствата. Пријателите се посебни луѓе кои се рамо за плачење кога се тешки времиња. Тие даваат збор на охрабрување кога е потребно и се таму за да прослават некои од посебните животни моменти и пресвртници.
Сепак, за жал, дали поради обврски или оддалеченост, некои пријателства можат да избледат и да престанат да постојат. Но, други се доволно силни за да издржат такви пречки. Овие четири жени се пример за пријателства кои траат, а се запознале во средно училиште во Калифорнија во 1950-тите.
И покрај времето кое можеби поминало, четирите постари жени остануваат пријателки. Сега живеат во истиот пензионерски дом.
Во видеото објавено на Јутјуб, жените се присетија на средношколските денови.
Секоја година имавме матурска забава, изјави Џоан Харис. „Имавме женски кошаркарски тим. Игравме во други католички гимназии за девојки. Имавме пишување, имавме музика и уметност“.
Сега во поодминати години, жените сфаќаат колку е вредно и важно пријателството. Заедничкото време им значи се.
Мислам дека пријателството е многу важно“, изјави Силвија Крејн. „И прекрасно е да имаш стари пријатели. Имаме толку многу од нас кои заминаа. Многу ми е важно да знам дека сè уште ги имам тие три прекрасни жени околу мене“.