Супер фотки и добра забава: Инстаграм предизвици кои летово мора да ги испробаш со твоите пријатели!
Летото е започнато, училишниот распуст е во полн ек, време е за дружење со пријателите и луди забави. И секако, овековечувањето на најдобрите моменти со фотка за Инстаграм.
Сигурно ти и твоите пријатели веќе имате планови што треба да направите ова лето, а за да ви останат спомените засекогаш, летото нема да помине без објавување на кул фотки на Инстаграм. Доколку барате нешто што ќе ви го направи летото уште понезаборавно, можете да ги пробатата новите Интаграм предизвици. Тебе и твоите пријатели ве очекува предизвик составен од 15 задачи, а од каде ќе почнете оставаме на вас.
# Лебдете на некој кул гумен душек.
# Селфи додека испробувате нови луди бои на кармини.
# Фотка додека сте во скок.
# Фотка од храна.
# Фотка од уживање во ладовина со добра книга.
# Уметничка слика во вода додека го гледате заоѓањето на сонцето.
# Пикник во парк.
# Кул фотка од возење на велосипед.
# Пиење на летни овошни сокови од кокос.
# Фотка во одразот на наочарите за сонце на пријателот.
# Фотка со поглед на градот во кој го поминувате летото.
# Ноќна фотка со ѕвезденото небо.
# Зафрлање на косата во вода.
# Буберанг додека се возите на скејтборд.
# Фотка со прскалки.