Свечено отворање на 16. издание на Јуниорскиот Евросонг 2018 Минск, Белорусија.
Марија Спасовска, нашата претставничка на Јуниорскиот Евросонг 2018 г. со македонското знаме во рацете зачекори по црвениот килим на спектакуларното отворање и беше поздравена од евровизиските фанови.
Од утре започнуваат техничките проби. Македонија настапува под реден број 16 на 25.11.18 во недела. Гледајте го директниот пренос на МРТ од 16.00 часот и не заборавајте да гласате online на линковите кои дополнително ќе ги споделиме на 23.11 и 24.11. 2018 година.