Свесна е дека е ужасен: Селена Гомез откри дека од еден свој изглед од црвениот килим особено се срами

Свесна е дека е ужасен: Селена Гомез откри дека од еден свој изглед од црвениот килим особено се срами

Објавена во: Мода // Moj стил

Мораме да се сложиме со неа, ова навистина не бил добар избор...

Некогаш една мала, на прв поглед неважна ситнива може да го уништи целокупниот изглед во секунда. Селена тоа најдобро го научи на најлошиот начин. Тоа не ѝ се случи на некој неважен настан, туку на Мет Гала, која важи за настан над настаните. Тогаш на црвениот килим се прошета воодушевена, а денес поради тоа се срами. 

Имено, претерала со лажниот тен и тоа и те како се забележува - затоа што станува збор за лицето, каде што изгледа портокалово. Во видеото кое го сними за „Вог“ раскажа дека е свесна за таа грешка. Всушност таа и нејзиниот тим само сакале да додадат малку боја, да ставиле малку лосион за самопотемнување и тоа изгледало добро и еднолично. Меѓутоа, она на што не сметале е дека производот ќе продолжи да се развива во текот на ноќта, бидејќи некои од овие производи функционираат така. Па така, Селена во текот на настанот станува сè попортокалова и што е најлошо, тоа не го ни забележала.

 

Портокаловото лице особено се истканувало, поради белиот фустан. Кога ги изгледала фотографииите од црвениот килим, била згрозена. Само ги чекала критичарите да „удрат“ по неа поради тоа.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: