„Светот на Колорес“ и годинава ќе создаваат среќни спомени во Сивири: Местата за летниот камп веќе се пополнуваат-побрзајте

„Светот на Колорес“ и годинава ќе создаваат среќни спомени во Сивири: Местата за летниот камп веќе се пополнуваат-побрзајте

Објавена во: Совети // School zone

Долгото топло лето е пред нас ... И сигурно нема родител кој не помислил нешто како: „Што да направам за моето дете да помине квалитетно време летово?“ „Како моето дете ќе го поминува времето додека сум на работа?“...

Доколку и самите сте биле во летен камп како дете, тогаш сигурно не сте изненадени од сите позитивни ефекти што ги добивате во кампот како дете, а истото секако го сакате и за вашите деца.

Има нешто магично во искуството на летните кампови, еднодневните и повеќедневните кампови. Летниот камп е можност децата да бидат изложени на најдоброто од човечкиот карактер, да се забавуваат, да учат и да стекнат нови пријатели. 

Летните кампови им даваат можност на децата да го пронајдат најдоброто во себе. Со внимателно одбран персонал посветен на вашите деца, тие ги гледаат таквите места како можност за создавање среќни спомени и поттикнување на самоизразување. Имаат можност да бидат активни, да уживаат во спортот што го сакаат, да го научат јазикот за кој се интересираат, креативно да се изразуваат, да си играат со другите деца, да научат за себе, но и за целиот спектар на емоции и човечки искуства, за генијалноста, пријателство, тимска работа, успех и неуспех и многу други работи.

Без разлика дали се работи за дневен камп каде што секојдневно ги носите вашите деца или повеќедневен камп на море или на планина, децата се подготвуваат за живот со забава и учење. 

А она што сакаме да го споделиме со вас е дека приватната градинка „Светот на Колорес“ и оваа година организира летен камп во Сивири за дечиња од претшколска возраст.

Доколку сакате вашето дете да искуси едно поинакво искуство, игри, прошетки, пливање и секакви забавни спортови на плажа имате време уште малку да го пријавите.

Останати се слободни термини за првата група од 15-22.06.

Вашите малечки заедно со дечиња на нивна возраст од 3 до 6 години ќе имаат супер искуство и незаборавни мигови.

За повеќе детали обратете се кај Приватната градинка „Светот на Колорес“ .

* ПР - објава

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: