Светот се поздрави со уште една ѕвезда на Дизни: Себастијан Ати почина на 24 години

Светот се поздрави со уште една ѕвезда на Дизни: Себастијан Ати почина на 24 години

Објавена во: Stars // Филм

Почина уште една ѕвезда на Дизни. Станува збор за Себастијан Ати, кој глумеше во Дизни серијата „011CE“.

Дизни каналот на Латино Америка потврди веста за неговата смрт на 4 јули, споделувајќи го следното: „Почивај во мир, Себас. Твојата уметност и твојата насмевка ќе останат засекогаш. Жалиме за губитокот на Себастијан Ати и секогаш ќе го паметиме по неговиот талент, дружење, професионализам и пред се огромно срце. Сочувство до семејството, пријателите и обожавателите.“

„Навистина сум тажен“ - актерот Сантијаго Стибен објави видео на Инстаграм покажувајќи го своето жалење. „Многу се колебав за да го направам ова видео. Но, чувствувам дека сакам да ја споделам со сите љубовта која ја имав кон тебе. Прегратка за твоето семејство, моите најдобри сеќавања се секогаш со тебе.“ Колегата Гуидо Пенели исто така сподели емотивна порака на Инстаграм „Засекогаш ќе те сакам, брате.“

Актерката Паулина Ветрано се потсети на сеќавањата кои таа и Ати ги споделувале на Инстаграм, правејќи колаж од фотографии: „Остави голема трага која ќе ги одбележи сите кои те познаваа во текот на животот! Ти си братот кој го избрав! Почивај во мир пријателе, тука засекогаш ќе продолжиш да светиш со својот талент и уметност!“.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: