Светот во шок: Откриено кој Меган и Хари го обвинија за расизам

Светот во шок: Откриено кој Меган и Хари го обвинија за расизам

Објавена во: Живот // Живот

Обвинувањата за расизам во кралското семејство, изнесени во експлозивното интервју на принцот Хари и Меган Маркл, кренаа прашина низ целиот свет.

Контроверзната британска авторка Лејди Колин Кембел тврди дека станува збор за принцезата Ана, ќерката на кралицата, но инсистира на тоа дека коментарот на Ана не бил разбран и дека тој всушност се однесувал на загриженоста за тоа како Меган би се вклопила во кралското семејство.

- Поради споменувањето на културата, Хари сфати дека станува збор за бојата на кожата. Ана изрази загриженост за последиците од дозволувањето на некој таков да се приклучи на кралското семејство, па затоа рече дека тоа не само што ќе им создаде проблеми на семејството, туку и на децата што ќе произлезат од таа врска. Хари веднаш побрза да и го соопшти ова на Меган, која го поврза со бојата на кожата. Ова е личност која едвај чека да најде проблем каде што нема - тврди Кембел.

Кралското семејство, како и Меган и Хари, сè уште не ги коментираа овие тврдења.

За потсетување, Меган во едно интервју рече дека не сакале да му ја дадат титулата принц на Арчи поради загриженост за бојата на кожата.

Фото : youtube.com/CBS


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: