Таа е една од најубавите жени на светот: Вергара покажа како изгледа без шминка
Софија Вергара важи за една од најубавите жени на светот, а исто така е пример на многу млади девојки. Убавицата од Колумбија, каде и да се појави, изгледа прекрасно.
Софија Вергара на многу настани ја гледаме средена, а ретко кога се појавува без шминка. Но, овој пат, ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ реши да покаже како изгледа во природно издание.
Имено, таа покрај базенот одлучи да се опушти со својот сопруг, а на фотографијата можеме да видиме како таа изгледа без шминка.