Таа е најмлада прва дама во светот: Запознајте ја Тамара Вучиќ сопругата на српскиот претседател

Таа е најмлада прва дама во светот: Запознајте ја Тамара Вучиќ сопругата на српскиот претседател

Објавена во: Живот // Живот

Тамара Вучиќ, најмладата прва дама во светот и сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ...

Тамара Вучиќ, сопругата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на почетокот на април го прослави својот 40-ти роденден. Таа е успешна, образована млада жена, најмлада прва дама во светот, мајка и успешна и образована деловна жена.

По долгата кариера како телевизиски новинар, таа се одлучила за дипломатија и се вработила во Министерството за надворешни работи. Хуманитарната работа е она што особено ја исполнува и за што е крајно посветена и токму нејзиниот тивок активизам придонесе за забележливо подобрување на положбата на некои од најчувствителните категории на општеството, пишува српски „Курир“.

Тамара Вучиќ пораснала во Лозница, во семејство на просветни работници. Често ја посетува својата татковина, особено за време празниците.

Таа тврди дека сè уште има многу заедничко со Лозница. Нејзините родители, семејството и неколку долгогодишни пријатели живеат таму. За жал, времето не ѝ дозволува да оди таму толку често колку што би сакала, но родниот град за неа и нејзиниот сопруг е дестинација што мора да се посети за сите големи празници - откри таа во ексклузивното интервју за „Hello“.

„Се сеќавам на пријатната атмосфера и убавото дружење со кое, ми се чини, може да се пофали само мало опкружување. Денес се забавувам кога гледам стари фотографии. Многу сакав накит и постојано се дотерував. Исто така е интересна и анегдотата дека  во градинката во Крупња, каде што живеевме кратко време, поминав само три дена, бидејќи и тогаш не можев да спијам попладне, како што е случај денес“ - објаснува таа во едно интервју.

Тамара истакнува дека пораснала со поп рок музика од осумдесеттите и деведесеттите, а затоа е виновен нејзиниот постар брат кој ѝ бил еден вид водич низ музичкиот свет.

„И денес ги знам најголемиот број на текстови од тој период. Она без што не поминува ниту една прослава во нашата земја се секако народни песни, тоа е музика во која исто така знам да уживам“ - вели Тамара Вучиќ, која кога останува сама, ја слуша песната „Кога ми требаш“ од Лео Соер.

И како дете на просветни работници, таа уживала во голема домашна библиотека.

„И денес имаме богата библиотека со голем број наслови, историско - филозофски содржини. Во моментов на мојата ноќна маса има книга на англиски јазик  „A little history of the world“ од Е.Х. Гомбрих и „Тврдина“ од Меша Селимовиќ, на која јас секогаш со задоволство ѝ се враќам“ - откри Тамара.

Тамара открила и дека топлата атмосфера во семејниот дом и насмевката на нејзиниот син ја прават најсреќна.

Четириесеттите години се новите дваесетти, гордо посочуваат жени кои веќе поминале низ овој познат „граничен премин“. Сигурни сме дека првата дама на Србија ќе се снајде одлично затоа што - најдоброто допрва следува. 

Извор: курир.рс

Фото: Википедија-принтскрин Јутјуб


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: