Таа го носи и не се грижи за коментарите: Бела Хадид го оживеа познатиот тренд од 90-тите кој на многумина не им се допаѓа (ФОТО)
Бела Хадид многу често поставува нови модни трендови или ги враќа старите...
Бела Хадид е препознатливо име во светот на модата и воглавно што и да облече, тоа станува главен тренд на сезоната.
Сите се сеќавате на 90-тите и помалку омилените трендови од тие години, а токму Бела оживеа еден многу интересен додаток.
Кога ќе помислите на минатото, не можеме да не се сетите на незаборавните детали за коса, кои ја красеа секоја девојка. Бела Хадид реши да носи цик-цак рајф, за кој сме сигурни дека сте заборавиле дека постои.
Познатата манекенка се појави на неколку настани со овој моден додаток и несомневно го привлече вниманието, а најинтересно е тоа што овој оживеан тренд и не е толку лош.
фото: Jonas Gustavsson/ProfimediaРајфовите се идеални за брзи фризури и отстранување на косата од лицето, но овој модел долго не е виден. Можеби поради тоа и повторно ќе стане голем тренд, иако многумина не го обожуваат.
фото: Принтскрин / Инстаграм