Таа има само 7 години и рак на дојка: Малигните тумори повеќе не прашуваат за години
Најмладата личност на светот на која ѝ е дијагностициран рак на дојка има само 7 години...
Случајот со девојчето од Чиле ги збуни специјалистите од целиот свет, а во исто време служи како тажен потсетник дека малигните тумори на дојка не зависат од возраста.
Грутката ја пронашла мајката на девојчето (нивните точни лични податоци не се објавени во медиумите) кога имала само 5 години. Иако нејзиното внимание го привлекло една мала „грутка“, како што опишува мајката, никогаш не би помислила дкеа нејзината ќерка боледува од рак. Дури две години подоцна семејството ја слушнало катастрофалната дијагноза.
„Додека ја бришев по бањањето и ѝ нанесував лосион, забележав мала грутка во близина на нејзината брадавица. Докторот ми кажа дека тоа не е нормално и дека ќе порасне ако ништо не преземе по тоа прашање, но никогаш не ме предупреди дека би можело да дојде до ова“ - вели мајката, мислејќи на операцијата на која девојчето било подложено. На 7-годишна возраст му го отстраниле целото ткиво кое било зафатено од ракот, поради што останало без дојка.
„Мојата ќерка сега е осакатена и тоа е болка со која морам да живеам“ - истакна мајката. Според нејзиното мислење, нејзината ќерка не е целосно свесна што се случува со нејзиното тело.
„Кога ја носам на онколог, таа само ми вели дека не сака да ѝ падне косата. Не разбира дкеа засекогаш ја изгубила дојката“ - посочува мајката.
Родителите на 7-годишното девојче имаат намера да го однесат кај специјалисти во Барселона кои имаат долгогодишно искуство во лекување на млади пациенти со овој вид на рак. Случајот со девојчето кое боледува од рак на дојка ги шокирало докторите.
Хематологот и педијатрискиот онколог Франциско Барига, кој зборуваше за порталот „Mirror“, нагласи дека повеќето жени на кои им е дијагностициран рак на дојка се на возраст меѓу 50 и 60 години. Девојчето овде е исклучок. Згора на тоа, претседателот на Чилеанското здружение на пациенти со рак, Фелипе Тагле, за локалните медиуми наводно изјавил дека многу доктори во неговата земја не сакале да лекуваат толку млада девојка, бидејќи не се чувствувале способно да се борат со ракот на дојка кај некој толку млад.
фото: Shutterstock