Таа се смее, тој не знае што го снашло: Вака изгледаа подготовките пред свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка (ФОТО)
Денеска на 12 септември се венчаа помалиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата девојка Сашка Веселинов.
Венчавката беше во црква во Белград, по што прославата продолжила со гостите во Црна Гора, на тајна локација.
Невестата и младоженецот изгледаа прекрасно, а досега излегоа неколку фотки во јавноста од венчавката, но, интересен беше моментот кога само кратко пред свадбата Сашка откри мал фрагмент од последните подготовки.
Таа го фотографирала Ѓорѓе во продавница за свечена облека, а судејќи по описот на фотографијата што ја објави, Сашка била решена да го убеди партнерот да купи чевли, кои воопшто не му се допаднале.
„Се смеам затоа што го терам да си ги земе чевлите и да му ја обоиме оваа сина платформа кај чевлар“, напиша таа, додека најмладиот брат на Ноле изгледа доста сериозно на фотографијата, како да не знае што го снашло.
На крај секако не се одлучиле за овие чевли туку Ѓорѓе носеше класично црно одело со црни чевли.