Тајни од зад камерите на филмовите и сериите: Актерите откриваат како изгледа снимањето на интимните сцени
Сите оние сцени во филмовите и сериите кои ја креваат температурата...
И додека на малите екрани ваквите сцени ни изгледаат секси и заводливо, нивното снимање во реалноста не изгледа така. Ако мислиш дека актерите уживаат додека ги снимаат ваквите сцени, се лажеш.
Ако досега научивме нешто, тогаш тоа е моментот дека ништо не изгледа онака како што мислиме. Секс сцените и сите други интимни сцени изгледаат секси додека ги гледа публиката пред малите екрани или во кино, но во реалноста, нивното снимање е повеќе комично отколку секси. Многу актери во интервјуата кои ги имаат давано за медиумите зборувале за тоа какво било нивното искуство кога е снимањето на вакви сцени во прашање, пишува „Buzzfeed“. Ова се некои од најинтересните такви искуства кои на најдобар начин ќе ти доловат како всушност изгледа снимањето на врелите сцени.
# Имаат помагала за време на таквите сцени
Фиби Диневор, која од „Бриџертон“ ја знаеме како Дахне, имаше многу вакви сцени во првата сезона од серијата. При снимањето на ваквите сцени имале посебни тренери за интимност на сетот, кои им помагале сцените да изгледаат пореалистично, но и за на актерите да не им биде неудобно. Таа раскажа дека за време на снимањето на таквите сцени, актерите помеѓу себе имале топчиња за јога за да не им се допираат голите тела. Покрај тоа, таквите сцени ги вежбале многу.
# Постои правило дека помеѓу актерите мора да има три бариери кога се снимаат вакви сцени
Тоа е некое ново правило, кое е сигурност дека актерите ќе се чувствуваат посигурно. Актерот Џонатан Бејли, кој исто така глуми во „Бриџертон“ посочи дека кога се снимаат вакви сцени, мора да има најмалку три работи помеѓу актерите кои ќе ги раздвојуваат и штитат. Малите перници се еден од примерите што ги користеле на сетот.
# Гаќите ги лепат за телото
Друга актерка која добро ги познава ваквите сцени е Дакота Џонсон. Таа кажа дека во таквите сцени имала танга која е залепена за кожата, за во текот на снимањето да не ѝ се измрда нешто. Иако има специјален лепак за тоа, тој не е многу цврст, па Дака откри дека долната облека во текот на снимањето ѝ ја лепеле со супер лепак. И секогаш носела по два пара гаќи, еден врз друг, за секој случај.
# Може да биде многу чудно кога снимаш такви сцени со некој кој ти е пријател
Натали Портман раскажа дека на неа ѝ било посебно непријатно кога морала да снима секс сцени со актерите со кои се познава и со кои е во добри односи. На прв поглед тоа ѝ делувало дека ќе биде многу непријатно, но на крајот се испоставило дека тоа ѝ помогнало да се опушти. Барем во нејзината ситуација, бидејќи снимала со добрата пријателка Мила Кунис.
# Додека се снима секс сцена, во просторијата има 50-тина луѓе
Таквите сцени се многу непријатни, бидејќи во просторијата, кога се снима, има многу луѓе, а актерите се голи. Оливија Вајлд раскажа дека е свесна за тоа дека луѓето мислат дека тоа е гламурозно и секси, но дека тоа воопшто не е така. Во реалноста, додкеа се снима една таква сцена, во просторијата со актерите има уште 50-тина луѓе. И сите во исто време викаат: „помести ја малку раката“, „сврти го рамото“, „супер, може уште“.
# На машките е најголемиот товар
Крис Прат истакна дека на мажот е тој кој треба особено да внимава и да се погрижи за личноста со која снима да се чувствува поудобно. Барем тој така гледа. Треба да се прашува партнерката дали е океј. Тој има чувство дека на машките е одговорноста за таквите сцени да поминат што побезболно за сите.
фото: Imdb / Принтскрин