Талентиран студент Владимир е на суд поради свирење клавир: Соседот го пријавил
Против 18 - годишниот Владимир Аќимовиќ, студент од трета година на Факултетот за уметности во Белград, како и Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, се води постапка пред Прекршочен суд во Ниш, бидејќи соседот го пријавил поради свирење клавир.
На младиот Нишлија, кој во повеќе наврати ја претставуваше Србија на меѓународната сцена, поради што е награден со стипендија од Министерството за образование за исклучително талентирани студенти, му се заканува парична казна од 5.000 до 30.000 динари, затоа што свирел во својот стан.
„Покрај честите отсуства од Ниш поради студирањето на два факултети, со години доживувам малтретирања зад кои стои еден станар од зградата, секој пат кога и во времето пропишано во куќниот ред, макар и на десет минути се слушне клавирот“ - вели Аќимовиќ за „Телеграф“ и додава:
„Соседите, сите освен еден ми дадоа согласност за да можам неколку часа во денот да свирам клавир, што ми е неопходно за било каков вид на напредок. Остатокот од уметничкото усовршување го остварувам со користење на електрично пијано, купено само за да го избегнам понатамошното малтретирање. Тоа морав да го направам, бидејќи се соочувам со големо недоразбирање, за она што ширум светот е нормално, особено во недостатокот на специјал простор во релевантни институции.“
Аќимовиќ додава:
„Ми предложи скапиот инструмент, кој моите родители ми го купија за да имам најдобри можно услови за развој, да го префрлам во подрумот и ми се закажуваше и дека ќе ми биде одземен.“
Судот за прекршоци во Ниш потврди дека против Аќимовиќ се води прекршочна постапка.
„Против него полицијата поднесе барања за започнување на прекршочна постапка, бидејќи на 16 февруари, помеѓу 10 и 14 часот свирел клавир во станот, со што го прекршил Законот за јавен ред и мир, член кој се однесува на бучавата во стамбените објекти. Сослушан е на 9 септември, останува да се сослушаат сведоците по што ќе биде донесена одлуката. Во меѓувреме ќе се измери интензитетот на бучавата, за да се утврди основаноста на пријавата“ - кажа Мишел Марковиќ, претседателот на Судот за прекршоци, за „Телеграф“.
Аќимовиќ може да биде казнет, ослободен или може да му се изрече опомена.