Тамара ги враќа насмевките на лицата: Има само 19 години и 300 медали, а веќе успеа да усреќи 50 семејства

Тамара ги враќа насмевките на лицата: Има само 19 години и 300 медали, а веќе успеа да усреќи 50 семејства

Објавена во: Совети // Семејство

Тамара има 19 години и иако е волку млада успеала да помогне да се реновираат 11 куќи за најзагрозените и на 50 семејства да им овозможи подобар живот.

Во денешно време делува како нешто невистинито, но тоа навистина ѝ успеало на Тамара Мисирлиќ, студентка и хуманитарка од Врање.

Во куќата во планинското село Ушавце, Тамара и нејзините пријатели ја реновираат урнатата куќа на семејството Јовиќ.

„Многу ѝ благодариме на Тамара и многу сум среќна“ - вели Александра Јовиќ, која никогаш немала своја соба.

Јовиќ куќата ја изградиле пред 20 години, но немале доволно пари за да изградат барем една соба.

„Мајсторите ставаат ламинат, варосуваат. Наредната недела очекуваме мебел и едвај чекам да ја видам реакцијата на луѓето на кои им ја средуваме куќата“ - вели хуманитарката Тамара.

Тамара досега има усреќено 50 семејства.

„Ова го почнав пред две години, го посетив девојчето Анџела, кое живееше во разрушена куќа со мајката. Таа приказна многу ме потресе, почнав самостојно, а потоа ги вклучив и другарите од класот“ - вели таа и додава:

„За мене ова е непроценливо чувство, мотивација ми се луѓето и децата кои ми веруваат и секако мојот тим“.

Инаку, Тамара од 4 години тренира карате и освоила повеќе од 300 медали, а сега е бруцош на два факултети.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: