Тара Симов му го прости ќотекот на Данило?! – Направија хаос, кршеа сѐ пред бебето, а сега повторно се заедно, еве и зашто (ФОТО)

Тара Симов му го прости ќотекот на Данило?! – Направија хаос, кршеа сѐ пред бебето, а сега повторно се заедно, еве и зашто (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство


Сите се прашуваат дали ова значи дека свртеле „нов лист“

Вчера беше посебен ден за поранешната учесничка на реалното шоу „Задруга“ Тара Симов и нејзиниот поранешен избраник Данило Раичевиќ, бидејќи нивниот син Николај го прослави својот прв роденден. Иако долго време не се во добри односи, парот очигледно решил да се смири на овој важен ден за нивниот наследник.

Имено, Симова се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде сподели фотографија со својот наследник кого го држи во раце и Раичевиќ која со едната рака го држи детето и за половината ја држи Тара.


Но, покрај воодушевените фанови, имаше и такви кои го поздравија овој чекор „на нож“, и се прашуваа дали е можно Тара да го преболела физичкото малтретирање и семејното насилство на Данило, кои неодамна секојдневно ги објавуваше на социјалните мрежи и режираше јавен апел.

За потсетување, поранешната учесничка на реалното шоу „Задруга“, Тара Симов, беше брутално претепана од нејзиниот сега веќе поранешен партнер и татко на нејзиното дете Данило Раичевиќ. Видеото од грозоморното насилство јавно го сподели на социјалната мрежа Инстаграм каде откри дека со месеци трпела физичко и психичко малтретирање.

Откако објави низа вознемирувачки фотографии и видеа, Симова ја шокираше јавноста со уште едно видео на кое се гледа како Раичевиќ дивјачки ја крши вратата од нејзиниот стан.

Имено, како што може да се види на видео клипот, додека Данило упорно ѕвонеше, Тара не сакаше да ја отвори вратата, а нејзиниот тогашен партнер насилно влезе во нејзиниот дом и целосно ја скрши вратата. Покрај сето тоа, на видеото се гледа и нивниот син Николај кој спиел во лулка во близина додека хаосот се одвивал пред влезот од станот.

Инаку, ова не е првпат Тара Симов јавно да ги искажува проблемите со таткото на нејзиното дете Данило Раичевиќ. Како што може да се види во еден од претходните клипови, Раичевиќ најпрвин психички ја малтретирал својата партнерка упатувајќи и низа навреди и на нејзина и на сметка на нејзините родители.


Откако претпре низа навреди за нејзиниот морал и пороци, Данило ја удрил по што Тара возвратила:

- Зошто ме удираш?! Излези од станот! Снимив се, видете, почна да црвенее... немој бреее! – врескаше Симова додека тој ја удираше.

Фото:screenshot

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: