Таско открива: Обожавам да ги гледам филмовите на „Marvel“

Таско открива: Обожавам да ги гледам филмовите на „Marvel“

Објавена во: Stars // Музика

Кристијан Тасковски Таско е млад музичар кој за кратко го време ги освои симпатиите на публиката. Тој хип хоп изведувач со големо влијание на трап музичкиот стил. По објавувањето на неговиот сингл „Рутина“ си создаде цела армија фанови кои постојано го следат кога има настапи.

„Искрено ме мотивира тоа што добивме одличен фидбек од македонската музичка естрада, како и од многубројните фанови кои секојдневно ни ја искажуваат нивната љубов преку социјалните мрежи, и кога ќе не видат во живо. Тоа е неопислива сила која не мотивира да креираме, и да работиме со полна пареа, а полните клубови, и луѓето кои доаѓаат за да не видат се доволен доказ и уште поголем мотив за работа.“ – неодамна изјави Таско.

Но, она што е интресно за него е тоа што е голем фан на филмови – „Голем фан сум на филмови, особено филмови со суперхерои. Обожавам да ги гледам филмовите на „Marvel“, (извинете сите што сте „DC“ фанатици), како и некој добар трилер.“

Овој млад и перспективен музичар ветува многу, а и треба, бидејќи не смеат фановите да останат разочарани!

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: