Татко ѝ го запознала на 14 години, а мајка ѝ со години ја криеше од јавноста: За неа светот тврди дека има најубаво лице

Татко ѝ го запознала на 14 години, а мајка ѝ со години ја криеше од јавноста: За неа светот тврди дека има најубаво лице

Објавена во: Мода // Moj стил

Ќерката на Хајди Клум тргна по стапките на својата позната мајка и стана манекенка...

Минатиот јануари, за време на Берлинската модна недела во дигитално издание, Лени Клум имаше можност да биде дел од ревиите на некои од најголемите имиња во германската мода, а следниот месец позираше со својата мајка на насловната страница на германското издание на Вог.

Извор: Instagram

Инаку, тогаш Хајди ѝ дозволи на својата ќерка за првпат да го покаже лицето на јавноста, а потоа сè експлодираше! Оттогаш, светските медиуми не престануваат да пишуваат за наследничката на Хајди Клум. Коментарите што можат да се прочитаат за неа, најмногу се однесуваат на убавината која ја поседува, па дури е напишано и дека таа е новата млада надеж со најубавото лице на светот.

Во април, таа ја красеше насловната страница на германското списание „Гламур“, во кое главна ѕвезда пред 20 години беше нејзината мајка.

Минатата недела, на 29 август, кариерата на тинејџерката доби нов правец благодарение на италијанското дуо Долче и Габана и нивното гламурозно модно шоу во Венеција, каде дебитираше и младата Лени.

Извор: IPA / SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA

Лени Клум е родена на 4 мај 2004 година, како ќерка на познатиот германски модел Хајди Клум и италијанскиот бизнисмен и поранешен шеф на Формула 1, Флавиус Бријаторе. Објавувајќи ја својата бременост пред светот, Клум го објави и раскинувањето на врската со познатиот Италијанец, а Лени со својот татко првпат се сретнала на 14 години.

Неколку месеци подоцна, Хајди го запозна британскиот пејач Сил, за следбата година да ја крунисаат нивната врска со брак, со кој заедно ја израсна Лени.

Извор: STARPIX / AFP / PROFIMEDIA

Како дете, Лени Клум не ја криеше желбата еден ден да стане модел. На 12-годишна возраст, брендот Бренди Мелвил ѝ понуди улога во нивната нова модна кампања, но нејзината мајка ја одби понудата, бидејќи сметаше дека Лени е премногу млада.

„Беше прашање на време кога ќе се обидам да станам модел. Првата понуда ми дојде кога имав само 12 години. Потоа ја молев мајка ми да ми дозволи, но немаше шанси. Сега разбирам дека било прерано. Кај другите работни места што ги имав, морав да ја потиснам мојата луда енергија за да оставам професионален впечаток. Како модел, можам да се откажам од сè и да бидам она што сум“ - вака зборуваше Лени за своите соништа.

Таа откри дека таа и нејзината мајка немаат никакви тајни и дека тие навистина се како најдобри пријателки, а во една прилика, Хајди го откри вистинското име на нејзината ќерка и ги негираше различните наводи во кои се тврдеше дека Лени е посвоена, како и дека вистинското име ѝ е Хелен Бошовен Самуел.

Лени неодамна предизвика негативни коментари кога се појави на вечера во Венеција по ревијата на Долче и Габана во идентичен фустан како и нејзината мајка Хајди Клум.

Мајката и ќерката избраа идентични комбинации и се појавија во сребрени фустани, а заедничка фотографија која ја споделија на Инстаграм, беше проследена со негативни коментари.

Извор: Instagram

„Лени изгледа како да има 10 години“, „Лени сè уште е вистинско дете“, „Пропорциите на оваа девојка се многу чудни“, „Убава е како кукла, но е како мало девојче“, „Има само 17 години, премногу е рано за овој гламурозен свет“ - се само некои од коментарите.

И додека некои ја фалат, други ја критикуваат, нема сомнение дека Лени никого не остава рамнодушен и дека ја чека брилијантна кариера.

фото: Instagram

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: