Татко и најави снимање на ново продолжение: Можеш ли денес да ја замисли Мајли како Хана?

Татко и најави снимање на ново продолжение: Можеш ли денес да ја замисли Мајли како Хана?

Објавена во: Stars // Филм

Дали е можно? По толку поминати години?

Били Реј Сајрус предизвика воодушевување кај обожавателите ширум светот кога рече дека ќе се работи на нешто важно со Хана Монтана.

Еден од главните ликови од серијалот Хана Монтана, Били Реј Сајрус и откри на јавноста информација која предизвика тотално воодушевување. Таткото на Мајли, кој во серијата глумеше нејзин татко, за Hollywood life изјави дека се зборува за тоа дека се работи на предпродолжение на Хана Монтана. Призна дека уште истата секунда би се сложил на снимање на било што поврзано со серијата. „Се зборува за тоа да се снима предпродолжение“ - рече Били, а таа реченица ги развесели сите кои како мали деновите ги поминувале со Дизни каналот и серијата за тинејџерката Хана Монтана која води двоен живот.

Иако не кажа други детали, со оглед на тоа дека станува збор за предпродолжение, можно е главниот лик на приказната да биде баш Били и дека содржината ќе биде поврзана со неговата младост и рокерските денови, пред да стане татко. За жал, шансите да ја видиме повторно Мајли како слатката Хана се многу мали. Пред отприлика три години, таа за магазинот People изјави: „Веројатно не би глумела повторно доколку се снима продолжение на Хана Монтана. Тоа е многу време поминато со татко ми. Знаете, мојот татко беше мој татко и во серијата. Тоа беше сосема доволно.“

Раскажа дека било тешко за неа, бидејќи од 11 до 18 години по часовите одела на снимање, работејќи со татко и, додека другите се дружеле и бегале од часови. Но, со оглед на тоа дека поминаа 3 години откако го изјави тоа, а оттогаш многу работи се промени, никогаш не се знае што би кажала сега.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: