Татко со генијална идеја: Од отпечатоците на стапалата на ќерката направил патека (ВИДЕО)
Еден татко се сетил на оригинален ачин засекогаш да ги сочува отпечатоците на стапалата на својата ќерка. Тој секоја година ги чувал нејзините отпечатоци во бетонски плочи од кои веќе направил патека до игралиштето во дворот.
Односот на таткото и ќерката секогаш е посебен и едноставен. Без причина не се вели дека синовите се поповрзани со мајките, а ќерките со татковците и тоа е навистина така. Овој татко решил секоја година да ѝ приредува изненадување на својата миленичка, а еве од што се состои.
Имено, тој прави отпечатоци од стапалата ќерката во бетон. На видеото гледаме калап и девојче од 9 години, кое, како што пишува во описот на видеото: „И оваа година како и претходните, остава отпечатоци од своите стапала“.
Девојчето, откако ќе остави отпечаток од стапалата, продолжува да ја уркасува таа површина со разнобојни каменчиња и својот потпис. Во описот исто така писшува, јуни 2022 година и 9, како обележје на годината, месецот и годините на девојчето.
На самиот крај на видеото може да видиме несекојдневна глетка. Во својот двор овој човек направил цела стаза од стапалата на ќерката. Тоа е ритуал кој тој го изведува од моментот кога неговата миленичка наполнила една година. Бидејќи таа сега има 9 години, со веќе деветте големи бетонски плочи направил патека низ дворот.
Многумина се прашувале како успеал да ја направи оваа неверојатна патека, а тој сега го даде одговорот на тоа.
„Горд сум на ова. Возбуден сум за тоа што ќе направам еден ден кога ќе имам неверојатна градина, во која ќе може да ги собере сите овие камења, кои засега водат до нејзиното игралиште.
Не може да се преговара, зделката е веќе направена. Нема изговори, само подгответе се и направете го тоа. Сè што навистина сакате може да се направи, ако сте доволно решителни. Само ослободете ги вашите емоции“ - стои во описот на видеото.
фото: Принтскрин / Инстаграм