Татко Србин, мајка Бразилка: Ќерката на Марко Јариќ и Адријана Лима навиваше со две знамиња (ФОТО)
Светското првенство во фудбал кое се одржува во Катар ги собра пред малите екрани бојрните фудбалски фанови, а изгледа дека децата на Марко Јариќ и Адријана Лина се едни од постраствените.
Познатиот кошаркар сака да поминув време со ќерките, и овој спортски настан беше идеална прилика за убави семејни моменти.
Ќерката на Марко, жестоко навиваше, а со оглед на тоа што татко ѝ е Србин, а мајка ѝ Бразилка, таа на лицето го имаше нацртано знамето на Бразил, додека во рацете го држеше српското знаме.
Натпреварот го следеше внимателно, а нема сомнеж дека била во неудобна ситуација во моментот кога Србија доби гол, бидејќи за неа тоа била и среќна, но и тажна вест.
Како ги бодреше фудбалерите од трибините, погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм