Таткото на Адисон Реј повторно забележан со Рене Еш: Неговата сопруга не сака да слушне за него
Семејната драма меѓу родителите на Адисон Реј влезе во уште едно шокантно поглавје откако Монти Лопез повторно беше забележан како се дружи со Рене Еш, девојката со која ја изневеруваше сопругата.
За неупатените, Адисон Реј не е баш во добри односи со нејзините родители. Проблемите започнаа по шпекулациите дека Монти ја изневерува Шери Никол - што на крајот се покажа дека е вистина, бидејќи инфлуенсерката Рене Еш го разоткри. Имено, таа објави серија заеднички фотографии со Монти и според нејзината изјава имала впечаток дека тој и Шери се во процес на развод.
Не му е жал: Таткото на Адисон Реј не се кае за аферата со 25 годишната Рене Еш
Изгледаше дека врската официјално заврши откако коментарите на Рене ги зафатија социјалните мрежи - особено кога се чинеше дека Монти се забавува со инфлуенсерката Ава Луиз. Сепак, Монти неодамна повторно беше забележан со Рене Еш на неколку локации, вклучувајќи го и Сохо Хаус во Западен Холивуд и хотелот Бел-Ер.
„Тоа беше како да се состанаа за да разговараат за сè што се случило откако нивната врска прекина“, изјавиле извори за Дејли Мејл. „Монти изгледаше навистина параноично и беше јасно дека не сака да биде препознаен и беше нервозен поради излегувањето со Рене во јавност.“
Сепак, Шери не е заинтересирана за помирување, особено откако нејзиниот поранешен беше забележан со Рене. Таа вчера на Твитер го напиша следново: „Пушти и не се осмелувај да се вратиш“, а со тоа му даде до знаење дека повеќе не сака да го гледа.
извор: Famoza.net