Тажна исповед на сестрата на Јованка Броз: Нада за првпат проговори за тоа како реагирала кога дознала дека Тито умрел

Тажна исповед на сестрата на Јованка Броз: Нада за првпат проговори за тоа како реагирала кога дознала дека Тито умрел

Објавена во: Живот // Живот

Доколку мислевте дека Јосип Броз Тито ги поминал последните денови од животот покрај својата сопруга, а дека на неа од сите страни по неговата смрт ѝ пристигнувале порака со поддршка и телеграми за сочувство, се лажете.

Во една епизода од документарната серија „Јованка Броз и тајната служба“, Нада Будисављевиќ, сестрата на Јованка Броз отворено и без криење на емоциите проговори за односот на Тито и нејзината сестра во деновите пред неговата смрт, но и за деновите кога Јованка останала сама.

„Јованка секој ден се обидуваше да телефонира во болницата во која лежеше Тито, меѓутоа, не ѝ дозволуваа да стапи во контакт со него. Еден ден беше на терапија, другиот спиеше... и така, се редеа изговорите. Воглавно, никогаш не им дадоа да разговараат“ - кажа Неда.

фото: Принтскрин

Кога умрел Јосип Броз Тито, сочувство ѝ изразиле ќерката и синот на покојниот египетски претседател, Насера и Индира Ганди.

„Единствено Индира Ганди не поверува во официјалната верзија дека Јованка не сака никој да прими по смртта на сопругот, и единствено таа дојде да ѝ изрази сочувство. И во куќата која пред тоа немаше никој и ништо, одеднаш се најдоа келнери, чаеви, колачи, секретари...“ - продолжи Неда.

А потоа, набрзо по смртта, во резиденцијата на „Ужичка 15“ влегоа луѓе кои полни 10 часа ги претресуваа фиоките и просториите.

„Веќе беше ноќ, 10 часот навечер, таа ми телефонираше со некој ччуден глас да дојдам. И јас дојдов, влегов во салонот од терасата и видов група луѓе кои се шетаа низ куќата, како гледаат слики, мебел и еден човек кој најверојатно беше шеф на групата, кој среде ноќ носеше темни очила, кој беше многу важен, бараше од Јованка да му ги даде клучевите од секоја канцеларија. Таа му кажа дека не знае каде се и дека не може да се сети. А и не можеше да се сети, бидејќи беше преплашена со самото тоа, а потоа тој почна да ја тресе за рамената и да ѝ го бара клучот. И тогаш некој телефонираше, па почнаа да ја обиваат канцеларијата на Јованка...“ - се присети Нада.

Така изгледал животот на Јованка, во моментот кога останала без сопругот, според раскажувањата на нејзината сестра.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: