Тажната приказна за момчето кое продава малини: Јован пред еден месец остана без мајка
Јован Гајиќ, малиот продавач на малини од селото Ситница на Мањача, кој ги освои сите симпатии поради штандот покрај патот на кој преку лето продава теглички од ова овошје, го заследи голема несреќа.
Момчето, малиот херој и вредниот собирач на овошје и шумски плодови и ученик во седмо одделение во локалното основно училиште, остана без својата 43 - годишна мајка Божана, која како што пренесува „Српскаинфо“ починала.
На неговиот грб сега има голем товар, голема тага, жал за мајка му, но и нови искушенија, бидејќи, како што детето едноставно, но мудро истакна, сепак мора да продолжи да живее и да се бори, да оди по патот по кој на него, неговата сестра Јована, браќата Гојко и Небојша, им укажувале мајка им Божана и татко им Милош.
„Мајка ми изненадно почина. Пред тоа не беше болна, одеше на работа во училиште, таа беше чистачка. Не се жалеше дека нешто ја боли. Иако утрото, истиот ден окга почина, зборуваше дека чувствува некои тегобии. Тоа беше утрото, а потоа околу пладне, само падна пред куќата. Доктрите кажаа дека нејзиното срце застанало. Тоа се сличи на 19 март, пред еден месец“ - ракажа Јован, кој тој ден бил дома.
Оваа драма длабоко се врежала во неговиот живот, иако Јован, како и сестра му Јована, не е сосема свесен за трагедијата која ги заследила. Вели дека уште не може да поверува во тоа.
Неговата сестра Јована, како што наведува овој портал, ги преземала работите на мајка им и обврските во домаќинството.
„Сега не одам во училиште, поради короната, не знам како ќе биде до крајот на училишната година. Засега сум дома, готвам, перам, ја чистам куќата. Татко ми замина со вујко ми да работи некаде во селото, постарите браќа се исто така на работа. Гојко заврши Металско училиште и работи во Нова Топола во фабрика за мебел, а Небојша нема постојана работа, но секогаш некој го вика, па оди и рбаоти. Тој заврши занает за заварување, ја сака таа работа, оди да работи скоро секој ден, во Бања Лука, Кркоњиќ Град, секаде“ - вели Јована, која навистина останала потресена по смртта на мајка ѝ.
Младиот брат Јован за неа е голема поддршка и утеха.
„Јован е многу ведар и добар, ме слуша, работи дома, а оди и во училиште. Омилен им е на сите во селото, а и многу минувачи го препознаваат. Се слушна за него поради малините, капините, костените, кои ги продава покрај патот од пролет до есен, но и црниот шешир“ - зборуваше Јована за братот.
На Мањачи и во Ситница уште има снег, а температурите се многу пониски отколку во Бања Лука и во пониските места. Освен дрва за огрев, малиот Јованче работи сѐ што ќе му каже сестра му, чисти дома, носи разни работи кои ѝ се потребни, оди во продавница, но и учи.
„Многумина го засакаа Јован, ни доаѓаа на гости, ни носеа подароци. Ги паметиме сите тие луѓе и често ги споменуваме. Поранешниот министер Дане Малешивиќ на Јован во Бања Лука му купуваше облека и обувки, а ѝ помогна и на мајка ми да се вработи во училиштето во Ситница“ - истакна сестрата на Јован.
Малиот Јован вели дека продава овошје и оваа година.
„Планирам и оваа година да продавам малини, шумски јагоди, капини и други плодови кои ги има во нашите краишта. Никој не ме тера да го правам тоа, но свесен сум дека ми требаат пари за на училиште, за облека, обувки. Не може татко ми да заработи доволно, а јас сакам да работа и да помогнам дома“ - се довери момчето кое плени со искреност и топлина.
фото: Принтскрин од Јутјуб