Те мачи ПМС: Еве како засекогаш да се спасиш од тоа

Те мачи ПМС: Еве како засекогаш да се спасиш од тоа

Објавена во: Совети // Вежбаме

Секоја девојка и жена, еднаш месечно, мака мачи со ПМС. Медицината нема одговор, а кога ќе дознаете што е решението, нема да може да поверувате.

Дали ве мачи ПМС - от?

Сите жени во тие денови се нервозни или уморни без никаква причина, имаат зголема желба за храна или воопшто немаат апетит, а најчесто овие состојби им се менуваат во текот на денот. Често тука се провлекува и главоболка која умее да не ве остави на мир, да ви го промени расположението итн.

Прашањето е, дали ова некако може да се спречи?

Д-р Лара Бриден, веќе 20 години се занимава со овој и сличните проблеми и откри едноставно решение кое ќе ви овозможи никогаш повеќе да патите од ПМС.

„Пациентка ми се жалеше на умор, нервоза и главоболка. Наодите од крвта покажаа нормално ниво на хормони, што е типично за ПМС. Некој би можел да и препише таблети, но јас знаев дека постои подобар начин“ - вели д-р Бриден.

На пациентката и кажала да престане да јаде благо и пржена храна и да комзумира магнезиум и витамин Б6 како додаток во исхраната.

„За еден месец се воочи промената, а последната менструација ми дојде сосема ненадејно“ - рече пациентката Џули. Д-р Бриден истакнува дека ПМС - от е многу контроверзен во класичната медицина, бидејќи тестовите не покажуваат никакви промени.

Новите истражувања ПМС - от го поврзуваат со воспалителните процеси

„Не е проблем падот или растот на нивото на хормони. Тоа е нормално во текот на циклусот. Проблемот е во тоа како телото реагира на тие осцилации. Воспалителните процеси може да ја променат работата на рецепторите на хормони што доведува до симптоми на ПМС“ - објаснува д-р Бриден.

Нејзината исхрана против ПМС се заснова токму на избегнувањето на продуктите кои поттикнуваат воспаление, како пржената храна, благите и вештачките сокови. И другата храна како млечните производи или житаци може да предизвика воспаление, но тоа зависи од човекот, па д-р Бриден советува да се води дневник на исхрана. Советува и своето мени да го збогатите со храна која делува против воспалувањето, како што овошјето и зеленчукот и црното чоколадо.


Објавена во: Совети // Вежбаме

Можеби ќе ве интересира: