„Teen Wolf“ се враќа, но во форма на филм: Еден од омилените актери нема да се појави во ова остварување (ВИДЕО)

„Teen Wolf“ се враќа, но во форма на филм: Еден од омилените актери нема да се појави во ова остварување (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Колку што некои се среќни што се враќа, други се тажни поради еден актер кој нема да го гледаат...

Обожавателите на серијата „Teen Wolf“ сигурно ќе бидат воодушевени со оваа информација! Најверојатно, уште оваа година ќе излезе филм од истоимената серија, која со емитувањето заврши во 2017 година.

„Teen Wolf“ се враќа! Единствената рзлика во оваа новина е тоа шот нема да се врати во облик на серија, туку во облик на филм со истиот назив и со скоро истите актери. Сите кои ја следеа серијата, додека се емитуваше од далечната 2011 година, па сѐ до завршувањето во 2017, знаат дека последниот дел заврши малку чудно и недокажана, па така оваа вест е одлична, бидејќи се надеваме дека филмот ќе го прикаже вистинскиот расплет на приказната.


Како што пишува „Elite Daily“, актерите ќе бидат скоро па исти, како и во серијата, но најмногу ќе недостасува еден лик, кој имаше една од главните улоги во серијата. Станува збор за Дилан О'Брајан, кој во „Teen Wolf“ го глумеше најдобриот пријател на Скот и се појавуваше во сите сезона од серијата. Неговиот лик Стајлс нема да го гледаме во истоимениот филм што би можело да растажи некои обожаватели на кои им беше особено драг.

Но, и самиот потврди во едно интервју дека тој повеќе нема да биде во таа улога, но дека верно ќе ја чека премиерата на филмот за да ги поддржи своите колеги. Датумот на излегување на „Teen Wolf“ уште не е познат, но би требало да излезе до крајот на годината, со оглед на тоа што уште пред скоро една година го потврдија неговото снимање.

фото: Принтскрин / imdb


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: