Техника од која ќе станеш зависна: Како најбрзо да си направиш пунџа, која секогаш ќе изгледа убаво?

Техника од која ќе станеш зависна: Како најбрзо да си направиш пунџа, која секогаш ќе изгледа убаво?

Објавена во: Мода // Moj стил

Високата „messy“ пунџа е готова за само неколку минути...

Пунџата е идеална фризура за летото кога сакаш да ја тргнеш косата од вратот и за нијанса да ти биде помалку топло. Сепак, секогаш кога сакаш да ја направиш и да изгледа што подобро, таа не соработува. Оваа девојка покажа едноставна техника која ја користи кога си прави пунџа, а со која не можеш да погрешиш.

На кој начин и да ја правиш пунџата, овој мора да го испробаш, особено доколку скааш „messy“ пунџа полна со волумен. Една девојка на Инстаграм го покажа својот начин, а истиот ни падна во око, бидејќи изгледа едноставен и непогрешив. Освен што ќе биде готова за само неколку минути, исто така ќе изгледа и поцврста отколку кога ќе ја направиш на стандардниот начин.

Најдобра основа за цврста пунџа е кога ќе си врзеш коњско опавче на местото каде што сакаш да ти биде пунџата. Кога ќе ја имаш оваа основа, понатаму сѐ е полесно, внимавај какво ластиче ќе одбереш. Потоа, таа ја дели косата во два дела, ги мота и потоа секој дел го врти во своја страна. Со шноли ги прицврствува краевите и тоа е тоа. Готово, на себе веќе ќе имаш „messy“ пунџа, која изгледа преубаво. Доколку не им веруваш на шнолите, можеш да ја прицврсти и со едно ластиче. За подобар волумен можеш да извлечеш по некој прамен, кој ќе остава впечаток дека имаш подолга коса. Едноставно, зарем не?!

фото: stockfour / Shutterstoc

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: