Технолошки пионер, педофил и бегалец: Кој е Џон Мекафи, кралот на антивирусот кој е пронајден мртов во затвор?

Технолошки пионер, педофил и бегалец: Кој е Џон Мекафи, кралот на антивирусот кој е пронајден мртов во затвор?

Објавена во: Живот // Живот

Џон Мекафи, креаторот на програмата што е една од најкористените антивирусни програми во светот, беше контроверзна личност. Промотор на крипто валута, даночен противник и бегалец од правдата, кој двапати се обиде да се кандидира за претседател на Соединетите држави.

Јавно им ја објавуваше на сите својата склоност кон дрогата, пиштолите и сексот и имаше цела низа правни проблеми, од Тенеси, преку Централна Америка до Карибите.

Мекафи беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Барселона, само неколку часа откако шпанскиот суд одобри негова екстрадиција во САД под обвинение за затајување данок.

Истражителите биле испратени во затвор да ги испитаат причините за смртта, но „сè покажува дека може да станува збор самоубиство“, соопшти Министерството за правда.

Мекафи се бараше во САД под обвинение за затајување данок помеѓу 2014 и 2018 година, за што можеше да остане во затвор до 30 години.

Американските власти, исто така, имаа граѓанска жалба против Мекафи за проценета заработка од 13 милиони долари од шеми за крипто валута.

Роден е во Велика Британија во 1945 година како Џон Дејвид Мекафи, се преселил во САД како дете и пораснал во Вирџинија со неговиот татко кој „го тепал безмилосно“ и кој се самоубил кога Мекафи имал 15 години, вели Стив Морган, кој помина извесно време со Мекафи во Алабама во 2016 година за да ја напише неговата биографија.

Морган тогаш рече дека приказната за самоубиството на неговиот татко е единствениот пат кога Мекафи плачел за време на тој долг состанок.

Мекафи дипломирал математика во 1967 година на колеџот Роанок во Вирџинија, каде ја основа својата компанија неколку децении подоцна. Во тоа време, тој го водел системот за огласни табли (ББЦ), претходникот на интернетот.

Кога се појавил првиот голем компјутерски вирус, „Мозок“, во 1986 година, Џон веднаш повикал програмер што го познава и му кажал: „Ова е голема можност. Ние мора да направиме нешто. Знаеш, треба да напишеме код за да се справиме со овој вирус.“  Тој ги именуваше програмите VirusScan, а компанијата McAfee Associated.

„Тој беше вистински пионер. Тој не беше само технолог за безбедност, тој имаше една од првите компании што дистрибуираше софтвер преку Интернет“ - рече Морган.

Мекафи го изгуби своето богатство за време на финансиската криза во 2008 година и емигрираше во Белизе каде негуваше имиџ на голи гради, крал на дрогата во ново доба, кој само чекаше да биде киднапиран. Тој секогаш шетал опкружен со вооружени телохранители и платени гангстери. А, и плаќал и на локалната полиција.

Производителот на чипови со седиште во Калифорнија, Интел ја купи фирмата на Мекафи во 2011 година за 7,68 милијарди долари. Интел се обиде да го дистанцира контроверзниот основач на компанијата од себе и брендот, прицврстувајќи ги на поголема единица за сајбер безбедност.

Ребрендирањето траеше кратко и Мекафи повторно оживеа.

Мекафи во 2012 година се бараше за убиство на неговиот сосед Георги Вијанто Фаул, кој беше убиен на почетокот на ноември истата година на островот Белизе, каде и двајцата живееја. Во тоа време Мекафи беше во врска со 17 - годишно девојче. „Имам тинејџерки, честопати повеќе од една“ - рече тој во едно интервју во 2016 година.

Во 2019 година, судот во Флорида му наложи на Мекафи да плати 25 милиони долари отштета на семејството на Фаул, што тој го одби, наведувајќи дека не одговорил на ниту една од 37-те тужби во последните 11 години.

Списанието „Вирд“, чиј новинар помина шест месеци истражувајќи го неговиот живот, тврди дека Мекафи сакал да игра руски рулет со наполнет пиштол.

Мекафи беше и ревносен бранител на дигиталната безбедност. Тој беше особено загрижен за Гугл. Во интервју за Гардијан, тој рече дека Гугл сака сите да веруваме дека не треба да криеме ништо.

„Кога ќе запознаете некого, немојте веднаш да му ги кажувате сите ваши тајни. Ако приватноста е неважна, дали би му го дале паричникот на странец и да го испита и запише сè што нашол во него. Зошто би верувале во тоа ако не сме направиле ништо лошо, дали навистина треба да се грижиме дали некој ги има нашите податоци?“

фото: EPA/ Saul Martinez

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: