Телеком за македонските фанови на Били Ајлиш: Раскажете ја својата приказна и освојте билети за специјалниот перформанс во Германија!

Телеком за македонските фанови на Били Ајлиш: Раскажете ја својата приказна и освојте билети за специјалниот перформанс во Германија!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Македонски Телеком ви нуди неверојатна можност да бидете дел од публиката на специјалниот перформанс на Били Ајлиш во Бон, Германија. Учествувајте во предизвикот и искористете ја шансата да освоите патување и влезници за двајца.

Добитничката на Греми и Оскар уште еднаш ќе се поврзе со Telekom Electronic Beats на 1 јуни, кога во салата Telekom Forum во Бон ќе го одржи својот прв европски настап во живо. Овој специјален перформанс, на кој ќе присуствуваат само 2.000 гледачи, ќе биде воедно и почеток на нејзината светска турнеја „HAPPIER THAN EVER, THE WORLD TOUR“, а вие можете да бидете дел од публиката!

Како да учествувате во предизвикот

На социјалните мрежи Instagram или TikTok споделете своја инспиративна приказна за тоа како технологијата ви помогнала да го направите светот подобро место или како ви помогнала да откриете некој свој талент, да научите нешто ново или да помогнете некому... Објавата може да биде во пост или story на Instagram или во видео формат на TikTok. Секоја позитивна промена, без разлика колку и да изгледа мала, сепак се важи.

Во објавата искористете ги хаштазите #telekom_mk и #ТехнологијатаЗаДобро и не заборавајте да го означите Македонски Телеком – на Instagram побарајте го профилот @telekom_mk, а на TikTok тагнете го @makedonski_telekom. 

Петмина со најинспиративна приказна ќе добијат патување за двајца и по две влезници на специјалниот перформанс на Били Ајлиш во Бон, Германија....

Предизвикот трае до 13 мај. Веќе на 14 мај, домашните инфлуенсери Александра (@majestic.at) и Александар (@dinevv) ќе ги одберат петте испратени најинспиративни приказни, а добитниците ќе бидат објавени на профилите на Македонски Телеком на Instagram (@telekom_mk) и TikTok (@makedonski_telekom). 

* ПР - објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: