Теорија која всушност има смисла: Можно е Тејлор Свифт да објави нов албум

Теорија која всушност има смисла: Можно е Тејлор Свифт да објави нов албум

Објавена во: Stars // Музика

Повеќе од било кои други обожаватели во музичката индустрија, обожавателите на Тејлор Свифт се познати по тоа што пронаоѓаат скриено значење во најситните детали кои ги забележуваат на нејзините фотографии, видеа и текстови. Сега, се појави нова теорија, која сугерира дека суперѕвездата би можела да издаде нов албум, иако има многу причини да се верува во тоа.

Новата статија на BuzzFeed, детално ги опишува многуте причини поради кои обожавателите на Тејлор веруваат дкеа таа би можела да објави нов албум, под назив „Karma“, и зишто конечно би можел да ја здогледа светлината на денот. Сетот наводно е напишан и снимен пред многу години, но една кавга со Канје Вест, а потоа и со неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, ја примора да ги промени работите, па наместо тоа беше инспирирана да го напише албумот „Reputation“.

Нејзините обожаватели често доаѓаат до луди теории за песните и албумот, иако многу често и грешат. Не постои начин со сигурност да се каже дали се во право, кога е во прашање „Karma“, но во неговото постоење секако не е тешко да се поверува, и би имало смисла Тејлор да го објави во текот на 2022 година. Иако веќе подолго време работи на повторното објавување на своите стари албуми, ова е совршена прилика да направи пауза, а обожавателите, помеѓу останатото, би можеле да слушнат нешто ново од својот идол. Исто така, би заработила и пари од албумот кој веќе го има направено.

фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: