Тешкиот живот на најубавата учесничка на Евровизија: Доаѓа од Израел, како мала се соочила со тешка дијагноза, а била и војник
Ноа Кирил беше
учесник на Евровизија 2023, за која љубителите на овој музички
спектакл велат дека е најатрактивна и најубава
Ноа Кирел, како израелска пејачка, водителка, актерка, текстописец и мултиталентиран уметник, брзо ги освои срцата на публиката на Евровизија и привлече големо внимание не само поради нејзината непобитна убавина, туку и поради нејзиното импресивно уметничко патување и покрај младата возраст.
Ноа со само 22 години стана една од најпознатите млади ѕвезди во Израел и пошироко. Нејзиниот неверојатен талент и харизма придонесоа таа да ја освои ласкавата титула за најубава претставничка на Евровизија.
Својата дебитантска песна ја објавила на 14 години, а на 18 потпишала договор со Атлантик рекордс, а во 2020 година ја добила наградата за најдобар израелски изведувач на MTV Europe Music Awards.
Сепак, на убавата и талентирана Ноа не ѝ било се‘ лесно, а животот не ѝ бил само мед и млеко. Уште кога била мало бебе имала големи здравствени проблеми, а кога имала само два месеци ѝ било дијагностицирано тешко заболување на бубрезите.
Инаку, родителите и дале име Ноја, но откако ѝ се слошило, рабинот предложил да ѝ го променат името во Ноа (што на хебрејски значи движење) и на шега „пророкувале“ дека ќе биде танчерка. Иако нејзиното здравје е подобрено, Ноа има само еден функционален бубрег бидејќи нејзиниот друг никогаш не се развил поради бактериска инфекција.
Друга интересна работа за оваа убавица е тоа што таа ѝ се придружи на израелската војска во 2020 година и беше во воениот оркестар. Таа го отслужи задолжителниот двегодишен рок и почесно беше отпуштена на 14 февруари минатата година.
Од октомври 2021 година, таа е во врска со израелскиот модел и актер Томер Хакоен.
Фото: Профимедиа/ Инстаграм