Тешко е во оваа лудост да се потсетам од каде започавме: Режисерката на „Медена земја“ за Deadline
Минатата година, режисерите на македонскиот документарец „Медена земја“ го освоија филмскиот фестивал Санденс, каде ги добија најдобрите награди на фестивалот за меѓународен документарен филм. За неколку дена тие ќе се појават и во Холивуд, на доделувањето на престижните филмски награди - Оскари. Номинирани се за две награди - една за најдобар документарен филм, а другата за најдобар меѓународен игран филм.
Режисерот Љубомир Стефанов за Deadline вели: „Има изненадувања од ден на ден скоро цела година. Значи, сега веројатно е дури за верување“.
„Од објавувањето на номинациите на 13 јануари до сега ние не бевме во Македонија.“ - додава тој.“ - додава тој.
Хатиџе, главната протагонистка од документарецот ќе патува од Македонија за да присуствува на Оскарите заедно со продуцентите, а како што откри Тамара заедно со Хатиџе ќе пристигне и облеката која тие ќе ја носат за време на свечената церемонија.
„Ќе ни испратат работи од Македонија“ - се надоврзува Тамара Котевска, неговата колешка. „Бидејќи дојдовме овде од Еквадор, со нас имавме само две кошули и два пара панталони, како и костими за капење“.
Од порталот Deadline истакнаа дека Холивуд е тотална спротивност на условите во кои е сниман документарецот, каде режисерите живееја три години во шатори пред колибата на Хатиџе.
На овој заклучот, Тамара додаде: „Кога размислуваме за овој пат, тие времиња се многу, многу важни, затоа што нè потсетуваат кои сме навистина и да не заборавиме каде ќе се вратиме. Понекогаш е многу тешко во целата оваа лудост што се случува сега... да се потсетам од каде започнавме“.
Светските медиуми се наголемо заинтересирани за нашиот документарец. Љубомир и Тамара постојано даваат интервјуа, а ова е краток дел од последното во низата.
За потсетување на 9 февруари ќе дознаеме дали престижната награда Оскар ќе биде донесена во Македонија.