„The Kissing Booth“ зад камерата: Дали Џои Кинг и Тејлор Захар Перез се во врска?

„The Kissing Booth“ зад камерата: Дали Џои Кинг и Тејлор Захар Перез се во врска?

Објавена во: Stars // Филм

Дали Ел и Марко се заедно и во приватниот живот?

Џои Кинг и Тејлор Захар Перез веќе некое време се на патување низ Америка, а делува и дека одлично се забавуваат.

Парот на Инстаграм секојдневно споделува фотографии од различни дестинации, а она што е најважно во овој момент е дека не ја симнуваат насмевката од лицето ниту во еден момент.

Токму поради тоа многу обожаватели сметаат дека ѕвездите на филмот „The Kissing Booth 2“ се во врска - но, мораме да ве разочараме.

Во нивното интервју, Тејлор ја дематираше врска со Џои, наведувајќи дека тие двајца се навистина добри пријатели.

„Знам, заедно го поминавме викендот, прославувајќи го роденденот на пријател и нејзиниот роденден и сите полудевме поради тоа. Можам само да ви кажам дека не сме во врска“ - рече тој.

„Се зближивме за време на снимањето, но уште повеќе се зближивме по снимањето, бидејќи живееме во близина“ - продолжи.

„Мислам дека со автомобил сме оддалечени околу 3, 4 минути. Бевме потпора еден на друг за време на карантинот. Поради тоа се дружевме, внимававме да не се гледаме со луѓе кои не се во кругот на оние на кои им веруваме“ - додаде Тејлор.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: