Тие не се одделуваат, а сега им се придружија децата и неговата мајка: Бен Афлек и Џеј Ло ја поминаа вечерта во театар
Целото време на овој свет го насочија кон својата љубов и семејството...
Актерот Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез ги однесоа своите деца во театар во Холивуд, а на овие заеднички моменти се приклучи и Крис, мајката на Бен.
Тие двајца каде и да се појават привлекуваат големо внимание, па така и овој пат објективите на папараците одеа кон нив.
Особено беа интересни комбинациите кои тие двајца ги одбраа за оваа вечер - Џенифер беше облечена во фустан со карнери, кој го искомбинира со зелено сако и виолетови чевли, а Бен се одлучи на беж панталони, тегет кошула и капут, како и кафени чевли со длабок ѓон. Она што е интересно е што и двајцата носеа црни заштитни маски.