ТикТок воведува новитет кој на многумина ќе им се допадне: Ве очекуваат поплава од аватари создадени од вештачката интелигенција
Може да ги користиш за профилна фотографија или за своја приказна...
Една од најпопуларните платформи на светот ТикТок работи на воведување на новитети, а еден од нив ќе биде навистина забавен. Станува збор за тоа дека корисниците на оваа социјална мрежа ќе можат да користат профилни фотографии генерирани од страна на вештачката интелигенција.
Веста за ова на Твитер ја објави Мет Навара, консултатнт за социјалните мрежи. Навара сподели и фтоографии, и видео од новата алатка на ТикТок.
На прв поглед, алатката создава портретни фотографии слични на оние кои ги има во апликацијата „Lensa“ на „Prisma Labs“, но фунцијата би била вградена директно во ТикТок, па социјалната мрежа наскоро би можела да доживее „поплава“ од аватари создадени од вештачката интелигенција.
TikTok has a NEW generative AI avatar creator!
— Matt Navarra (@MattNavarra) April 25, 2023
View thread to see what it can do pic.twitter.com/TDBbwok6bt
А, како сето тоа ќе функционира? Алатката бара од корисникот да испрати три до десет фотографии од себе, по што корисникот избира од два до пет различни стилови за евентуални фотографии направени од вештачката интелигенција. Потоа, потребно е некое време за да се генерираат фотографиите.
TikTok will then let you download 1, several, or all of the AI avatars pic.twitter.com/ajxps9Oopt
— Matt Navarra (@MattNavarra) April 25, 2023
Кога ќе бидат готови, корисникот може да ги преземе и една од нив да ја постави за своја фотографија или да ги објави во својата приказна на ТикТок.
На Твитер профилот на Навара може да се види широкиот спектар на забавни стилови. Исто така, се чини дека алатката може да се користи на многу креативен начин за создавање уникатни аватари, пишува „The Verge“.
фото: unsplash.com