ТикТокерите се воодушевени од мобилните телефони на преклоп: Експертите имаат одговор зошто старата технологија се враќа во мода

ТикТокерите се воодушевени од мобилните телефони на преклоп: Експертите имаат одговор зошто старата технологија се враќа во мода

Наместо за најновата, младите се одлучуваат за технологијата која е помалку заборавена...

Припадниците на генерацијата Зед ги обожаваат ретро предметите. Прво во мода ги вратија панталоните со широки ногавици, инспирирани од почетоците на овој век, потоа се послужија со некои мејкап трендови од 90-тите, па потоа тука беа фризурите, а сега изгледа дека ги воодушеви технологијата стара две децении.

Кон крајот на 2022 година, на ТикТок се прошири трендот за замена на најновиот паметен телефон, со оние постари модели на преклоп. Корисниците на ТикТок своите паметни телефони со најнапредни камери и можности, со задоволство ги заменуваат со телефони на преклоп кои имаат тастатура и кои во повеќето случаи немаат пристип до Интернет.

Тие се воодушевени од отстапувањето од најновата технологија.

@skzzolno Replying to @saraahhhyo literally everyone needs a flip phone in their life #BRINGBACKFLIPPHONES #college #goingout #collegelifehack #flipphone #y2kaesthetic original sound - skzzolno

Под хаштагот #bringbackflipphones има повеќе од 26 милиони објави, а корисниците кои ги објавуваат своите искуства воодушевено раскажуваат како старите мобилни телефони на преклоп им овозможиле да се одморат од модерната технологија.

Младите на тој начин сакаат да го редуцираат времето кое го поминуваат на социјалните мрежи, а некои дури се воодушевени од камерите со пониски резолуции кои создаваат помалку матни фотографии, како што вообичаено можат да добијат со користење на бројни филтери.

Тоа не е единствената „стара“ технологија кон која приграбија ТикТокерите. Последните години сѐ почесто се користат и „polaroid“ камерите и класичните видеокамери, а посебно внимание минатата година привлече и социјалната мрежа и апликација „BeReal“, која за разлика од другите социјални мрежи го ограничува времето кое корисниците може да го поминат користејќи ја.


Експертите имаат неколку теории зошто „старата“ технологија е сѐ попривлечна за младите. Од една страна, младите се сѐ повеќе загрижени за своето ментално здравје и бараат начини како да се „одморат“ од модерниот начин на живот. Од друга страна, „старата“ технологија им овозможува да ја намалат зависноста од интернетот и социјалните мрежи.

А, произведувачите на мобилни телефони ја препознаа таа потреба на младите. HMD Global, кој е сопственик на брендот Нокиа, веќе неколку години на пазарот лансира нови верзии на класичните Нокиа телефони, меѓу кои се и оние на преклоп.

@buffalove98 Episode 1 | should I bedazzle it?  #nokia #flipphone #2000s #2000sthrowback #flipphoneevents #bringbackflipphones #aesthetic #takeabreakwithme #newphone #phone #foryou #fyp Give it to me - ()

фото: Принтскрин / ТикТок

Можеби ќе ве интересира: