ТикТокерка откри трик со кој елката ќе ви изгледа уште помагично: Тајната е во сијаличките (ВИДЕО)
Примени ја и ти оваа техника на својата елка, сигурно е дека ќе ти свети повеќе од било кога...
Доаѓа најмагичниот период во годината, а со него и највозбудливиот момент од празниците - украсувањето на новогодишните елки. Секако дека сакаме елката да ни биде што помагична и поубава.
Клучниот момент на секое украсување на елка е правилното поставување на осветлувањето - сијаличките.
Една девојка на ТикТок откри мал трик кој ќе направи вашата елка да блеска оваа година.
Сè што ќе ви треба е барем два пати повеќе сијалични од минатата година.
@kellyfitzsimons__ Get those lights right up the trunk and watch your tree glow I used 3 x 2000 cluster lights #christmas #christmastree #christmashack #lifehack original sound - Kelly Fitzsimons
Имено, поголемиот дел од нас, сијаличките ги ставаме исклучиво на гранките, и во тој процес кружиме околу елката додека ги мотаме во круг. Виткањето во круг, исто така, на крајот, кога ќе дојде време за раскитување, вклучува потешко отстранување на сијаличките.
Кели наместо тоа, препорачува да користиме т.н. „цик-цак техника“. Таа ги поставува сијаличките од дното на елката и се качува нагоре „цик-цак“, од десно кон лево и обратно, кон врвот на елката. Прво украсете го стеблото на дрвото на овој начин, а потоа и гранките.
Значи, клучот е во слоевитото осветлување на дрвото, каде што стеблото не останува голо. Вистина е дека ќе ви бидат потребни повеќе сијалички за да изведете нешто такво, но крајниот разултат е вистинска магија.
фото: Принтскрин / Инстаграм