Тиктокерка покажа како се прават совршените француски плетенки за пет минути: Идеални за лето и море (ВИДЕО)
Првиот чекор е да ја разделите косата по средината и добро да ја исчешлате
Плетенките никогаш не биле попопуларни од ова лето, па ако сакате да ја имате најтренди фризурата за ова лето, но не знаете како да ги плетете од корен до врвови, една тиктокерка го сподели нејзиниот брилијантен трик.
- Девојки, ако не знаете да правите француска плетенка, а косата ви е во лоша состојба, вака, направете ја оваа фризура бидејќи е одлична - напиша Хармони Милер од Лондон.
Првиот чекор, вели, е да ја разделите косата на средина и добро да ја исчешлате за да нема јазли.
Потоа земете половина од вашата коса и соберете ја во реп за да не ви пречи, а од другата пуштена половина одвојте две прамени со иста големина од предниот дел на главата и ставајте ги еден преку друг, а потоа додадете и трет, потенок прамен, но без всушност да плетете.
Откако вака ќе го достигнете дното на темето, вели Хармони, можете да ја поделите косата на три дела и да започнете со плетенка.
@harmonymillerx Ignore my double chin ! But girls try this !! #fyp #plaittutorial #hairstyles #trythis #GARNIERMASKMOMENT #foryoupage original sound -
Најчесто долниот дел од плетенката го врзува со трака за коса и користи неколку мали иглички за да ја задржи косата на своето место, а нејзиното видео го погледнале речиси половина милион корисници.
Извор: 24sedam.rs