Тимоти Шаламе ќе го глуми Боб Дилан: Откриено е и името на неговата партнерка во филмот (ФОТО)
Тие двајца веќе имаат соработувано на снимањето на филмнот „A Rainy Day in New York“...
Ел Фенинг треба да глуми заедно со Тимоти Шаламе во филмот „A Complete Uncown“, биографскиот филм за животот на Боб Дилан.
Оваа драма во режија на Џејмс Манголд требаше да се снима пред неколку години, но проектот беше привремено прекинат поради пандемијата на корона вирусот.
Elle Fanning to star alongside Timothée Chalamet in Bob Dylan biopic, ‘A COMPLETE UNKNOWN.’
— Film Updates (@FilmUpdates) May 15, 2023
She will play the role of Dylan’s early ’60s love interest, university student and artist Sylvie Russo. pic.twitter.com/EJ7irCd3fg
Тимоти ќе го глуми ликот на музичката легенда, додека Ел ќе ја толкува улогата на неговата голема љубво - Силви Русо.
25-годишната Ел се истакна во серијата „The Great“, каде ја глуми Катарина Велика. Таа исто така имаше забележителни улоги во филмовите „Maleficient“ и „Neon Demon“.
Филмот ќе почне да се снима ова лето, додека во кината би требало да го гледаме следната година.
фото: Принтскрин / Инстаграм