Тинејџер добил можност за пракса: Третиот ден открил нова планета
Веќе на третиот ден откако започнал да оди на пракса во Наса го импреисонирал својот шеф. Со проверка на фотографиите од суперсилниот сателит, 17 - годишниот Волф Кукијер забележал нешто необично.
Се испоставило дека станува збор за нова планета, оддалечена 1.300 светлосни години од Земјата.
За да сфатите колку е тоа далеку - една светлосна година има 9,5 билиони километри, а оддалеченоста од Земјата и Сонцето изнесува нешто помалку од 150.000.000 километри.
Животот на Волф потоа се вратил во нормала, а сега за Радиото Би - Би - Си зборуваше за неговото неверојатно откритие.
Како што вели, по завршувањето на училиштето минатото лето добил двомесечна пракса во Центарот за вселенски летови, Godard, на Наса.
Работата му била да ги проверува податоците кои ги испраќа Транзитниот сателит за егзопланетно истражување (TESS) - вселенски телескоп кој бара планети кои се наоѓаат надвор од сончевиот систем.
„Барав планета која орбитира околу две ѕвезди“ - објаснува Волф.
За да открие таква планета ги барал промените во осветлувањето на ѕвездата, а таа сенка би значела дека планетата поминува во близина.
По само три дена пракса забележал дека нешто ја блокира светлината на две ѕвезди кои се наоѓаат далеку од нашиот сончев систем.
„Му покажав на менторот, ги погледнавме податоците и забележавме две промени на светлината, па почнавме со анализа да видиме дали тоа навистина може да биде планета“.
Потоа во ова се вмешаа и други научници.
Со детални проверки е утврено дека станува збор за планета која е 6,9 пати поголема од Земјата. Како се вика? TOI 1338b.
Не баш име кое лесно се помни, но Волф вели дека немал влијание на тоа.
„Не добив можност да и дадам име. Брат ми имаше идеја да ја наречам Волфтопија, но мислам дека TOI 1338b е доволно“.
Инаку, планетата на Волф не е обична планета - кружи околу две ѕвезди. Љубителите на Војна на ѕвездите веднаш се сетиле на Татуин, домот на Лук Скајвокер.
„Многу ми се допаѓа Татуин, барем она како ѕвездите изгледаат на небото. Тоа значи дека би било можно дупло заоѓање на Сонцето“ - вели Волф.
Меѓутоа, за разлика од Татуин, оваа планета не е ненаселена. Волф објаснува дека на неа најверојатно е екстремно топло и дека планетата најверојатно нема цврста површина.
А, дали пронаоѓањето значи дека еден ден му е загарантирана работа во Наса?
„Не знам ништо за тоа како Наса ги вработува луѓето, но сигурно нема да штети. Добра работа е оваа за во Кратка биографија“ - вели тој.
Како што наведува, од Наса му кажале дека се „импресионирани“ од тоа што го постигнал.
„Менторот ме поддржа и беше многу возбуден. Мислам дека Наса е изненадена од количината на внимание што го предизвика ова откритие“ - истакнува Волф.
За иднината планира - вселена. По средното училиште сака да се запише на факултет.
„Планирам да запишам физика и астрофизика. Ме привлекува кариерата во истражување на вселената“ - истакнува тинејџерот.
Меѓутоа, сега се е вратено во нормала, иако Волф добил малку повеќе внимание во училиште.
„Добив повеќе честитки во последните четири дена отколку за последните неколку години. Сите се многу возбудени. Неверојатно искуство“ - заклучи тој.