Тинејџер ја прегрна Меган Маркл, па му се извини на принцот Хари: „Се надевам не ти пречи“
Средношколецот кој ја прегрна Меган Маркл и ѝ кажа дкеа е „навистина убава“, му се извини на принцот Хари што го прекршил протоколот, пишува DailyMail.
Имено, во март кога војвотката од Сасекс го посети неговото училиште во источен Лондон, Акер Окоје доби овации и аплауз откако ја прегрна војвотката.
Тој потоа му испрати искрено извинување на принцот Хари, признавајќи дека бил „воодушевен и шокиран“ кога ја видел војвотката.
Акер го украде шоуто кога ја бакна војвотката, а тоа ги воодушеви неговите другари.
Потоа, возбудливо на микрофонот кажа дека војвотката е многу убава.
Тинејџерот призна дека тоа бил најдобриот ден во неговиот живот и истакна дека Меган го неговиот пристап го сметала за забавен.
Меѓутоа, Акер почувствува обврска да му се извини на принцот Хари, па потоа му напиша писмо.
„Се надевам дека не ти пречи што ја прегрнав твојата сопруга. Само бев воодушевен и шокиран кога ја видов во училиштето. Ми беше задоволство да го слушам нејзиниот говор, како и да зборувам пред неа. Таа навистина е инспиративна“ - напиша тинејџерот.