Тинејџер беше 10 месеци во кома: Двапати се избори со коронавирусот, а не знае ништо за пандемијата
Тинејџерот кој се разбуди од 10 - месечна кома не знае ништо за пандемија на коронавирус и покрај тоа што двапати се изборил вирусот...
Џозеф Флавил бил удрен од автомобил додека се шетал на улиците во Стафордшир, на 1 март минатата година, три недели пред почетокот на првиот национален карантин во Велика Британија.
Тој поминал неколку месеци во кома откако претрпел трауматска повреда на мозокот, но сега полека почнува да се опоравува и да реагира.
Неговата тетка, Сали Флавил Смит, за Гардијан изјави: „Тој не знае ништо за пандемијата, бидејќи спиеше 10 месеци. Неговата свест почнува да се подобрува сега, но ние едноставно не знаеме што знае тој.“
„Само не знам од каде да започнам со тоа. Пред една година, ако некој ми кажеше што ќе се случува, не мислам дека ќе му поверував. Немам идеја како Џозеф ќе разбере низ што сме поминале сите.“
Таа истакна дека семејството преку видео повик се обидело да му објасни зошто не е во можност да биде со него во живо и дека сето тоа е поради ограничувања кои доаѓаат со коронавирусот, но не се обиделе му да ги објаснат размерите на пандемијата.
„Кога е буден во својата соба, тој нема идеја зошто е таму. Ние зборуваме за тоа на телефон и се обидуваме да го освестиме и да му кажеме дека навистина сакаме да бидеме до него држејќи го за раце, но и дека сме спречени да го направиме тоа (поради Ковидот).“
„Но, се обидуваме да функционираме колку што можеме поедноставно, немавме време да размислуваме многу за пандемијата - едноставно како да не е реално, нели? Кога тој навистина може да има контакт лице в лице со некој од нас, тоа ќе биде можност навистина да му се објасни што се случило “.
Тинејџерот, кој најпрво се лекуваше во општата болницата „Лестер“, сега е преместен во центарот за грижа „Аддерли Грин“, каде што продолжува со закрепнувањето. Започнал да ги мрда екстремитетите кога ќе му се постави прашање и да комуницира со семејството и пријателите преку трепнување и насмевки.
Флавил Смит истакна дека тинејџерот е во можност да ги следи командите, како што се допирање на левото и десното уво, да ги движи двете нозе и да одговара да и не со трепнување, додека неговите први насмевки го расплакале целото семејството.
„Сè уште имаме долго патување пред нас, но чекорите што ги направи во последните три недели беа апсолутно неверојатни“ - посочи Флавил Смит.
За време на опоравувањето од несреќата, два пати имал Ковид - 19, но се опоравил во двата наврати.
Мајката на Флавил, Шерон, била во можност да го посети својот син на неговиот 19 - ти роденден во декември, но морала да остане растојание и да носи целосна заштита. „Во тој момент, Џозеф не беше свесен и мислам дека неговата мајка се чувствуваше навистина тажно затоа што не беше сигурна дека Џозев може да види кој е. Таа чекаше со месеци за да го види.“
Пред несреќата, Флавил од Тутбери, Стафордшир, бил спортски активен тинејџер и во мај требало да ја добие златна награда - „Војвода од Единбург“.
Преку кампањата „патувањето на Џозев“, семејството успеало да собере над 30.000 фунти за поддршка на тинејџерот во долгорочно закрепнување.
Извор: theguardian.com