Тинејџери се венчаа: Причината за да стапат во брак на 18 години ќе ви го скрши срцето

Тинејџери се венчаа: Причината за да стапат во брак на 18 години ќе ви го скрши срцето

Објавена во: Живот // Живот

Средношколците Чеис Смит и Сади Милс, кои имаат по 18 години, се венчаа на 29 април во дворот на Сади.

Пред да побрзате и кажете дека се премногу млади, знајте дека нивната свадба една од најемотивните  и тоа од една причина: Тие двајца решиле да стапат во брак, неколку дена откако на Чеис му било кажано дека има од три до шест месеци живот.

Чејс последните шест години водел битка со Јуинговиот сарком, ултра ретка и агресивна форма на рак. Тој и Сади биле во врска шест месеци пред да се решат на овој чекор.

Сади вели: „Севкупно, ова беше најубавиот ден во мојот живот. Отсекогаш сум сакала свадба на отворено и фактот дека Чеис се појави со идеја олтарот да биде на местото каде што го имавме првиот состанок и каде што го имавме првиот бакнеж, значеше многу за мене.

Пред Чејс да ја добие оваа ажурирана прогноза, тие двајца на ум имале различни планови. Првично планирале да го завршат средното училиште и да одат заедно на колеџ и премногу се надевале дека ќе ја продолжат нивната пливачка и нуркачка кариера. Тие, исто така, планирале да стапат во брак, но малку подоцна. Сепак, прогнозата која ја доби Чејс даде чувство за итност, па така последниот план им стана приоритет.

Овој март, Чејс дозна дека неговиот рак се вратил и овој пат со поголема сила. Чејс откри дека има тумори по целото тело и дека и со лекување, шансите веќе не се во негова корист. Затоа, тој и Сади направија избор од кој и двајцата се задоволни.

Чејс за „People“ рече: „Дефинитивно размислувавме да стапиме во брак во иднина и знаевме дека го сакаме тоа. Многу луѓе велат: „О, тие се венчаат, бидејќи има шанси тој да умре наскоро“ и тоа воопшто не е причината поради која се решивме на овој чекор. Тоа повеќе беше како повид за будење дека „Еј, Бог ве сака двајцата заедно“.

Откако се решиле на овој чекор, во текот на следните денови, им кажале на родителите за своите планови и потоа продолжиле да ја планираат целата свадба. Родителите на Сади особено ја поддржале оваа нивна одлука и им помогнале во подготвките.

Чејс и Сади исто така се држеле и до традицијата и не се гледале до церемонијата. Чејс вели дека целиот бил избезумен кога ја видел својата идна сопруга.

Иако знаат колку нивната иднина е неизвесна, сепак се среќни што се заедно.

Приказната за овие тинејџери ги испирираше луѓето од целиот свет.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: